Противниците на донесените ковид мерки се собраа на плоштадот во Љубљана, и бараа цела влада да поднесе оставка, а после тоа запалија пиротехнички средства и го гаѓаа парламентот на Словенија.
Полицијата мораше да употреби солзавец и водени топови.
Демонстрантите имаа две барања: промена на мерките за сузбивање на вирусот, и препорака за распишување на вонредни избори.
Пред протестот организиторите повикаа на мирен собир, но се случил инцидент кога еден од учесниците фрлил со шише врз еден полицаец.
Тогаш демонстрантите запалија факели и почнаа да ја гаѓаат зградата. Имало и навивачи на фудбалски клубови, јавува Н1 Словенија.
Над градот кружи и полициски хеликоптер.
