Сведок на трагедијата во Тетово: Слушнав лелеци внатре беше хорор, лично изнесов седум тела

Шеваљ Исмаили се нашол на местото на пожарот во миговите кога горел ковид центарот во Тетово. Исмаили за ТВ21 кажа дека не можел да влезе поради високата температура, но подоцна успеал да влезе и да изнесе самиот седум тела.

„Внатре беше хорор“, кажа Исмаили.

Целиот разговор низ текст и низ видеото подоле.

ТВ21: Ти беше таму во моментот кога избувна пожарот во ковид-центарот во Тетово? Објави и овидео на твојот профил на Фејсбук. Дали може да ни кажеш што виде?
Шеваљ Исмаили: Во тој момент видов ужас. Слушнав лелеци од луѓето кои беа внатре. Проблем беше да се приближиме поблиску за да им помогнеме, бидејќи пожарот беше голем. Висока температура и се исплашивме да нема експлозија внатре од кислородот. Снимавме со телефон, а потоа дојдоа и пожарникарите. Кутијата за електрична енергија почна да искри, па се плашевме да се приближиме. Откако беше изгаснат, влеговме внатре и изнесовме многу тела.
ТВ21: Ти лично изнесуваше тела?
Ш.И: Да.
ТВ21: Колку тела изнесе и во каква состојба беа?
Ш.И: Околу 7, целосно беа изгорени.
ТВ21: А каква беше состојбата внатре?
Ш.И: Хорор, катастрофа.
ТВ21: Се обидувале да излезат или беа на нивните кревети?
Ш.И: Една госпоѓа се обидела да излезе, но не успеала. Останатите беа на нивните кревети кога ги зафатил пожарот.
ТВ21: Се вели дека имало и роднини покрај пациентите?
Ш.И: Имаше надвор. Ние ги изнесовме, а роднините почнаа да викаат – мамо, тато.
ТВ21: Ова значи дека роднините успеале да излезат?
Ш.И: Некои да.
ТВ21: Имаше лекарски персонал? Дали може да ни опишеш колку траеше целата постапка од моментот кога избувна пожарот?
Ш.И: Откако пристигнав, па сѐ до гаснењето поминаа околу 30-45 минути. Цело време гореше. Имаше лекарски персонал, секој се трудеше максимално да помогне. Но, беше невозможно поради толкавиот оган. Не можеше. Катастрофа беше.
ТВ21: Ти имаше свој близок или роднина тука?
Ш.И: Не. Јас го донесов брат ми во болница и случајно излегов. Брат ми влезе на преглед, а јас излегов да испушам една цигара. На почеток видов само чад, немаше ниту експлозија, ниту ништо. Прво чад, а потоа избувна и пожар. Што имало внатре не знам.

https://www.youtube.com/watch?v=dvt0B_leVmI&ab_channel=TV21

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*