На 8-ми Септември 1991 година граѓаните на Македонија во огромно мнозинство го поддржаа референдумот за независност, по кој следеше одвојување од југословенската федерација која веќе беше во длабока криза и започнати воени конфликти. Иако повлекувањето од Македонија на Југословенската Народна Армија траеше и во дел од 1992 година и не одеше така едноставно, сепак 8-ми Септември е денот кој е симбол на независноста. Со тоа се оствари и вековниот сон на многу генерации кои понесоа огромни жртви заради остварување на тој стремеж за формирање самостојна, независна и суверена Република Македонија, без чии напори и делумни успеси немаше да постои можност да дојдеме до референдум на 8-ми Септември 1991 година. Носители на тој триумф беа сите граѓани на Македонија кои одлучно излегоа и гласаа за независноста и секако, тогашната влада на Македонија предводена од Премиерот Никола Кљусев чии членови се изложија на огромен личен ризик, како и Собранието, Претседателот на државата и политичките партии кои го дадоа својот потребен придонес во тој процес.Оттогаш Македонија помина многу премрежија и кризи, многу напредок и успеси, како и многу падови и неуспеси, но придобивките од гласањето на овој референдум останаа трајна вредност, а Македонија денес слави 30 години независност.Државата, независноста и слободата треба да се чуваат, зајакнуваат и надградуваат за да се имаат и тие не се еднаш за секогаш добиени. Ова воедно е и обврска на денешната и сите идни генерации Македонци и сите граѓани на Македонија, како и нивните политички претставници.Нека е честит празникот на независноста! Нека е вечна Македонија!
Никола Груевски-Нека е честит празникот на независноста! Нека е вечна Македонија!
Готово, Скопје слави, Данела со убедливо водство наспроти Шилегов
Според државната изборна комисија во 21:32 часот, од изброени 57.22 проценти од гласовите или 267.427 од 467.373 избирачи, кандидатката Данела […]
Ахмети за војната во Украина: Колку побрзо Путин се повлече, толку подобро за Русија
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска даде свој коментар и за војната во Украина. Тој вели дека сите се заинтересирани […]
Индија размислува да купи ефтина руска нафта
Индија ја разгледува можноста да ја прифати руската понуда за нафта и други стоки по намалени цени, со плаќање на […]
БИШЕВАЦ: КАДРИТЕ СО КОИ ЗАЕВ ВЛАДЕЕ НА ЦЕНТРАЛНО НИВО СЕ НАЈГОЛЕМАТА СЛАБОСТ
„Социјалдемократите ја платија цената на своето владеење. Нивниот дебакл се однесува на катастрофалното локално владеење, половина од нивните градоначалници никогаш […]