На 8-ми Септември 1991 година граѓаните на Македонија во огромно мнозинство го поддржаа референдумот за независност, по кој следеше одвојување од југословенската федерација која веќе беше во длабока криза и започнати воени конфликти. Иако повлекувањето од Македонија на Југословенската Народна Армија траеше и во дел од 1992 година и не одеше така едноставно, сепак 8-ми Септември е денот кој е симбол на независноста. Со тоа се оствари и вековниот сон на многу генерации кои понесоа огромни жртви заради остварување на тој стремеж за формирање самостојна, независна и суверена Република Македонија, без чии напори и делумни успеси немаше да постои можност да дојдеме до референдум на 8-ми Септември 1991 година. Носители на тој триумф беа сите граѓани на Македонија кои одлучно излегоа и гласаа за независноста и секако, тогашната влада на Македонија предводена од Премиерот Никола Кљусев чии членови се изложија на огромен личен ризик, како и Собранието, Претседателот на државата и политичките партии кои го дадоа својот потребен придонес во тој процес.Оттогаш Македонија помина многу премрежија и кризи, многу напредок и успеси, како и многу падови и неуспеси, но придобивките од гласањето на овој референдум останаа трајна вредност, а Македонија денес слави 30 години независност.Државата, независноста и слободата треба да се чуваат, зајакнуваат и надградуваат за да се имаат и тие не се еднаш за секогаш добиени. Ова воедно е и обврска на денешната и сите идни генерации Македонци и сите граѓани на Македонија, како и нивните политички претставници.Нека е честит празникот на независноста! Нека е вечна Македонија!
Никола Груевски-Нека е честит празникот на независноста! Нека е вечна Македонија!
После поголема пауза се враќа на сцена Македонче Маки Талевски
Македонче Маки Талевски е Македонец кој живее и работи во Мелбурн Австралија, тој долги години беше член на Австралиската група […]
Како на Титаник- бизнис класата се тепала за своите торби, додека патниците од економската класа живи гореле во авионот
Во тек е целосната истрага за катастрофата со модерниот авион на Аерофлот на московскиот аеродром Шеремтјево, кога во запалениот „сухој“ […]
Видео Голем земјотрес во Мелбурн
https://www.youtube.com/watch?v=m8uT4YnBedM&ab_channel=INTV5,7 stepeni наскоро повеке…
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ЌЕ БЛЕСНЕ ВО АВСТРАЛИСКАТА АНТОЛОГИЈА „ПОЕЗИЈА НА МУЛТИЈАЗИЧНИТЕ ЗАЕДНИЦИ“ ✨
Голема чест и радост за Македонската заедница во Австралија! Македонскиот јазик ќе биде дел од новата австралиска антологија „Поезија на […]