Изминативе денови, јавноста повторно е сведок на некомпетентноста на системот за справување со кризи, овој пат со пожарот кој неколку дена беснееше на Галичица. Штетите по природните ресурси се непроценливи и сето тоа поради неажурност и слабости на државниот систем за брза интервенција и спречување на катастрофалните последици од огнената стихија.Политичката партија Левица ја известува јавноста дека поради пожарите кои ја зафатија Македонија минатиот месец и притоа предизвикаа значителна материјална штета, поднесена е кривична пријава против директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути. Кривичната пријава е поднесена поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ – казниво по чл. 353-в, ст.1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена затворска казна од три месеци до три години.Максути се терети дека во својство на службено лице, преку преземање на умислено и инкриминирано комисивно противправно дејствие (acta humana ilicita), односно необезбедување навремена проверка и сервисирање на противпожарните авиони и непочитување на временски рокови за склучување на потребните договори за сервисирање на авионите, пријавениот го отежнал процесот на планирање, организирање, финансирање и надзор за навремена превенција и отстранување на причините и последиците од природните непогоди. Со тоа, Максути го довел во прашање извршувањето на активностите и постапките кои се преземаат од инволвираните страни во процесот на организираното спроведување на заштитата и спасувањето од пожари!На овој начин, со преземеното противправно дејствие, пријавениот постапил спротивно на законските одредби за совесно постапување при вршење на своите законски овластувања и должности, а дополнително предизвикал значителна материјална штета која сè уште не е проценета и чијашто сума, кога ќе биде проценета, ќе биде тешко надоместлива.
ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ДИРЕКТОРОТ НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ – БЕКИМ МАКСУТИ
ВИДЕО И ФОТОВИДЕО: Скандалозна снимка, наставничка се дере по ученици со „Вие сте стока“
Со навреди, викање и забрани наставничка од скопско основно училиште се обидува да ги научи учениците да не излегуваат од […]
Орбан: Понесовме голема победа, да се види од Месечината, а и од Брисел
Според последните информации, на изборите во Унгарија се преброени голем број гласови, а актуелниот премиер Виктор Орбан доби 54,36 отсто […]
Во Охридско голем пожар, од селата Плаќе и Куратица молат за помош!
Ситуацијата со пожарот на плакенска планина станува многу посериозна, побарана е помош … од наша страна Курајца, засега се обезбедени […]
Вучиќ: Сакаме во ЕУ, но мораме да соработуваме со Кина и Русија за да преживееме
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес на Брдо кај Крањ изјави дека Србија и додека е на европскиот пат мора […]