Изминативе денови, јавноста повторно е сведок на некомпетентноста на системот за справување со кризи, овој пат со пожарот кој неколку дена беснееше на Галичица. Штетите по природните ресурси се непроценливи и сето тоа поради неажурност и слабости на државниот систем за брза интервенција и спречување на катастрофалните последици од огнената стихија.Политичката партија Левица ја известува јавноста дека поради пожарите кои ја зафатија Македонија минатиот месец и притоа предизвикаа значителна материјална штета, поднесена е кривична пријава против директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути. Кривичната пријава е поднесена поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ – казниво по чл. 353-в, ст.1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена затворска казна од три месеци до три години.Максути се терети дека во својство на службено лице, преку преземање на умислено и инкриминирано комисивно противправно дејствие (acta humana ilicita), односно необезбедување навремена проверка и сервисирање на противпожарните авиони и непочитување на временски рокови за склучување на потребните договори за сервисирање на авионите, пријавениот го отежнал процесот на планирање, организирање, финансирање и надзор за навремена превенција и отстранување на причините и последиците од природните непогоди. Со тоа, Максути го довел во прашање извршувањето на активностите и постапките кои се преземаат од инволвираните страни во процесот на организираното спроведување на заштитата и спасувањето од пожари!На овој начин, со преземеното противправно дејствие, пријавениот постапил спротивно на законските одредби за совесно постапување при вршење на своите законски овластувања и должности, а дополнително предизвикал значителна материјална штета која сè уште не е проценета и чијашто сума, кога ќе биде проценета, ќе биде тешко надоместлива.
ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ДИРЕКТОРОТ НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ – БЕКИМ МАКСУТИ
Златниот Македонски глас ја доведе до победа на Македонското музичко талент шоу Нови и млади
Според жири комисијата составена од врвни Македонски музичка имиња ,во првата сезона од Македонското музичко талент шоу Нови и млади […]
Пентагон: Не се плашете Русија нема нуклеарно оружје
Украина нема програми за биолошко, нуклеарно или хемиско оружје, соопшти Пентагон. Во соопштението се наведува и дека во последните 20 […]
Силен зeмјотрес вечерва во Хрватска, нема информации за штeти или повpeдени
Вечерва околу 22 часот Далмација, Хрватска, ја погоди силен земјотрес. Според првите информации од ЕМСЦ, магнитудата била 5,1 степени според […]
Спасовски утрово поднесе оставка на функцијата потпретседател на СДСМ
Оливер Спасовски утрово поднесе оставка на функцијата потпретседател на СДСМ. вели нема да биде дел од партискиот тим и тоа […]