Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, објави видео од пожарот на Галичица, каде што беше во хеликоптерска обиколка, а инфомираше дека попладнево имало експлозија на направа, најверојатно граната останата од балканските или Првата светска војна.
„Карактеристика за овој пожар е силната експлозија која се слушнала попладнево, а за која се претпоставува дека е предизвикана од, активирана од огнот, експлозивна направа, најверојатно мина или друг вид експлозивно средство, остаток од борбите коишто се воделе на ова подрачје во балканските или Првата светска војна“, напиша Ангелов на својот „Фејсбук“.
blob:https://www.facebook.com/4d9bf39c-2d6b-43d4-9c60-7f79d9de3b5b



