Апоскеп е село вo Егејскиот дел на Македонија, Костурско.

Селото се наоѓа во Костурската котлина на 5 километри северозападно од Костур на патот за Лерин. Во османските даночни регистри од средината на 15 век Апоскеп е споменато со 10 семејства: на Никола, Јано, Јорг, Петро, Михо, Којос, Доброслав, Јорг, Алекса и Душман, и една вдовица Кала. Општ приход за империјата од селото е 686 акчиња. Селото страда многу, во Илинденското востание е изгорено од турски војски, а 15 месни жители се заклани во месноста Ковачо. Покрај самото село се води битка помеѓу востанички сили и турски војски. Изгорени се сите 120 куќи и пет души се убиени – Наум Мајстор, Спасо Шољов, свештеник Михаил, Лазо Лукар и Нико Шумалиев. Во Апоскеп се погребани многу дејци на ВМРО, како најблиско село до Костур, пред и по востанието турската власт ги предава труповите на убиените на општината во селото. Во братската могила во селото се погребани Кузо Погончев, Митре Влаот, Петар Гајков, Христо Леринчето од Лерин, Григор Ичков од Загоричани, Стефо Прекопанчето од Прекопана, Кољо и Антон од Костенаријата, Димитар Шестев од Шестеово, Аргир Николов од Жупаништа, Петар Наумов од Апоскеп, Андон и Штерјо од Костенаријата, Лука Гуљов од Костур, Ванчо од Черништа, Григор Шестевенчето од Шестеово, Кузо Попов од Блаца, Петар Христов, Стефо Германчето, главите на обезглавените Лазар Поптрајков и Кузман Стефов и многу други. По 1913 година братската могила е урната од грчките власти. Кога избувнала војната четиринаесет души од Апоскеп се доброволци во Македоно-одринското ополчение. Во војната селото е окупирано од грците и по Меѓусојузничката војна останува во Грција. За време на Грчката граѓанска војна дел од жителите на селото го напуштаат и емигрираат во социјалистиките страни. Официјални пописи: 1913 – 465 души • 1920 – 333 души • 1928 – 360 души • 1940 – 377 души • 1951 – 270 души • 1961 – 234 души • 1971 – 189 души • 1981 – 192 души • 1991 – 166 души .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*