На снимката која од Кабул ја објавил „Sky News“ можат да се забележат необични детали.
Американците со своите сојузници се трудат да евакуираат илјадници Авганистанци откако Талибанците ја презедоа власта во земјата.
Рокот на евакуација е до 31 август, Талибанците се закануваат дека нема да го продолжат рокот и присуството на Американците ќе го сфатат како продолжување на окупацијата.
На аеродромот во Кабул владее хаос, луѓето се туркаат, умираат во стампедо, а на почетокот дури и се врзуваа за авионите и паѓаа на земјата.
Покрај сето тоа, некој дури и ги напаѓа сојузниците, се пука кај аеродромот, а Талибанците велат дека не се тие.
Сега се појави уште една сцена која е чудна:
Утробата на авионот кој ги префрла бегалците од Авганистан, за тоа место луѓето во авионот условно „се тепаат“ – тоа е местото на спасот.
А, во авионот – лимузина?
Тешко е да не се забележи дека наместо тој автомобил во авионот можеле да се качат уште 20, 30, па дури и 50 луѓе…
