Историските извори говорат за одлука на Македонската Организација за прогласување на Mакедонски јазик и македонска граматика пред 1905 година! Тоа ги алармирало соседните држави да направат се’ што можат да спречат создавање на Македонски литературен јазик.Грчкиот весник Скрип, на 8 јули 1905 година објавува алармантна вест. Веста е за одлуката на Македонската Организација, за создавање на нова македонска граматика. Таа ќе се употребува во “бугарските училишта во Македонија“, однесувајќи се на егзархиските училишта.Во информацијата во грчкиот весник Скрип, понатаму се вели:“…Пред неколку месеци во Битола е донесена одлука и е формирана Комисија од страна на Македонската Организација. Таа комисија има задача да создаде македонска граматика. Комисијата се состои од седум професори по лингвистика. Како основа на оваа граматика ќе се земе дијалектот кој се зборува во битолскиот вилает. Овој дијалект (народен говор) веќе е прогласен од страна на Комисијата како Македонски јазик. Учителите во словенските училишта во Македонија, имаат специјална наредба. Наредба да го учат овој јазик наместо српскиот или бугарскиот. И преку него да се постават основите за создавање на независна Македонија. Наскоро на овој јазик ќе се испечатат училишни и други книги. Организацијата потоа размислува да ја забрани употребата на српскиот и бугарскиот јазик“, – завршен цитат.Ова е до сега едно од најзначајните откритија од современите македонски истражители. Особено што говори за создавање на посебен Македонски јазик и граматика и независна Македонија пред 1905 година. Тоа значи дека ВМРО на Тодор Александров не е првото кое објавило слоган за Независна Македонија. Туку тоа било цел на Македонската Организација уште во Илинденскиот период.
ИСТОРИСКА БОМБА ВО ГРЦИЈА: ВО 1905 ГОДИНА БИЛА СОЗДАДЕНА МАКЕДОНСКА ГРАМАТИКА, СОСЕДИТЕ СТОРИЛЕ СЕ’ ДА ГО СПРЕЧАТ ТОА!
Швајцарија укинува дел од рестриктивните мерки,Македонија касни исто како со вакцините
Швајцарија денеска почна да ги олеснува ограничувањата воведени поради Ковид-19, откако не беа оправдани стравувањата дека многу заразниот сој Омикрон […]
Деца од Битола продаваат чаша сок на улица за 5 денари за да соберат пари за лекување на нивниот другар Николче.
Децава од Битола продаваат чаша сок на улица за 5 денари за да соберат пари за лекување на нивниот другар […]
Почина млад Македонски фолк пејач
Денес неочекувано почина фолк пејачот Emrah Mehmedi од Дебар.Како што дознаваме Емрат животот го изгуби во несреќен случај ,пајгаки од скеле.Емрат важеше за млад и надежен пејач,имаше големи планови во неговата кариера за жал останаа нереализирани. Emrah зад него остави мали дечиња и сопруга.
И Гевгелија е буквално во пламен: На 44 степени гори депонијата, никој не прогласува вонредна состојба во градот
Иако депонијата во Гевгелија тлее четири дена локалната власт дозволи да се запали и на 44 степениграѓаните на Гевгелија дишат […]