Историските извори говорат за одлука на Македонската Организација за прогласување на Mакедонски јазик и македонска граматика пред 1905 година! Тоа ги алармирало соседните држави да направат се’ што можат да спречат создавање на Македонски литературен јазик.Грчкиот весник Скрип, на 8 јули 1905 година објавува алармантна вест. Веста е за одлуката на Македонската Организација, за создавање на нова македонска граматика. Таа ќе се употребува во “бугарските училишта во Македонија“, однесувајќи се на егзархиските училишта.Во информацијата во грчкиот весник Скрип, понатаму се вели:“…Пред неколку месеци во Битола е донесена одлука и е формирана Комисија од страна на Македонската Организација. Таа комисија има задача да создаде македонска граматика. Комисијата се состои од седум професори по лингвистика. Како основа на оваа граматика ќе се земе дијалектот кој се зборува во битолскиот вилает. Овој дијалект (народен говор) веќе е прогласен од страна на Комисијата како Македонски јазик. Учителите во словенските училишта во Македонија, имаат специјална наредба. Наредба да го учат овој јазик наместо српскиот или бугарскиот. И преку него да се постават основите за создавање на независна Македонија. Наскоро на овој јазик ќе се испечатат училишни и други книги. Организацијата потоа размислува да ја забрани употребата на српскиот и бугарскиот јазик“, – завршен цитат.Ова е до сега едно од најзначајните откритија од современите македонски истражители. Особено што говори за создавање на посебен Македонски јазик и граматика и независна Македонија пред 1905 година. Тоа значи дека ВМРО на Тодор Александров не е првото кое објавило слоган за Независна Македонија. Туку тоа било цел на Македонската Организација уште во Илинденскиот период.
ИСТОРИСКА БОМБА ВО ГРЦИЈА: ВО 1905 ГОДИНА БИЛА СОЗДАДЕНА МАКЕДОНСКА ГРАМАТИКА, СОСЕДИТЕ СТОРИЛЕ СЕ’ ДА ГО СПРЕЧАТ ТОА!
(Видео) Jа утнaa улицата и влегоа кај член на ВМРО-ДПМНЕ да нудат потkyп
Активисти на една од партиите која е на власт вечерва, очајни од поразот што ги чека во вториот круг од […]
Кичеец се спогодил и добил САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА СООБРАЌАЈКАТА ВО КОЈА ЗАГИНА ЕДНО ЛИЦЕ на Стража
Зоран Милески Кичеец осуден за случајот Рекет кој учествуваше во сообраќајна несреќа за време на отсуство од затвор во која […]
ВО ОХРИД Е ОСНОВАН ПРВИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ЕВРОПА!
23 октомври 2024 година, Охрид, Македонија – Верувале или не… Во светот е малку познато дека двеста и две години […]
Македонците во Грција го осудуваат договорот од Преспа
(14 март, 2019) – „Низ целите наши животи се боревме за нашето опстојување на Македонци, исто како и нашите предци. […]