Здружение На Естрадни Уметници
· Со огромна тага објавуваме дека нашиот почитуван колега и пријател Тодор Тоше Трајчевски не’ напушти и замина во својот нов дом на небото


Тоше беше многу почитуван музичар, пред се’ армоникаш, но и долгогодишен водач на народниот оркестар на МРТВ, како и плоден композитор и аранжер кој остави многу големо музичко наследство зад себе. Ти благодариме за се’ пријателе, македонската музичка сцена нема да биде иста без тебе, ќе недостасуваш многу! Нека ти е светол патот кон вечноста.
https://www.youtube.com/watch?v=l-dsmS7F5Kw



