БМВ ВО АВСТРАЛИЈА ПОВЛЕКУВА 12.000 АВТОМОБИЛИ

БМВ во Австралија почна доброволно да ги повлекува своите Е46-3 автомобили кои биле произведени помеѓу ноември 1997 и јуни 2000 година..

Австралиската комисија на произведители, изјави дека одлуката е донесена откако безбедносните органи открија серија на абнормално распоредени воздушни перничиња во автомобилите на BMW во Австралија, Јапонија и во САД.
„Доколку автомобил со ваков проблем има судар, тогаш инфлаторот на воздушното перниче може да пукне, а со тоа да предизвика остри метални делови да излетаат од него и да се распрскаат низ возилото при голема брзина“, велат од Австралиската комисија на производители.

Сопствениците на вакви возила се советуваат да престанат да ги возат своите автомобили и да ги контактираат локалните БМВ-подружници или бесплатната Австралиска БМВ-линија за бесплатна проверка.
„БМВ ќе договори да го шлепува вашето возило до најблиските простории за проверка или ќе испрати техничар до вашата локација. Ако вашето возило има едно од овие опасни перничиња, BMW ќе договори одредена финансиска поддршка или ќе изнајми возило да го користите за транспортација додека вашето возило биде поправено“ – рече Дела Рикард, заменик-претседател на Австралиската комисија за производство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*