Соработката со Кире Костов (музика и аранжман) и Миодраг Врчаковски (текст), веќе докажани творци во поп музиката, кај Драгана доведе до изведба на песна (со оглед на нејзините извонредни гласовни квалитети) која во прв план ги доведува гласовните квалитети следејќи ја музичката линија…
Некој можеби ќе каже дека тоа е песна од некои стари времиња, но во секој случај композиција која заслужува внимание и која има – певлив рефрен. Поради тоа и веруваме дека ќе ја прифатат помладите бидејќи ќе можат (колку што умеат со гласовните можности) да си ја потпевнуваат…а кој знае можеби и да искажат љубов.
Спотот е изработен од ИН Продукција

