Со многу позитивна енергија, детска радост и дружење, изминатиот настан остави силен впечаток кај сите присутни, обединувајќи голем број членови од заедницата, но и многу нови лица кои за првпат беа дел од ова прекрасно искуство.
Настанот беше вистинска прослава на заедништвото, каде што музиката и танцот создадоа атмосфера за паметење. Најмладите уживаа во различни активности како цртање, боење и разубавување на лице, додека возрасните имаа можност да се опуштат и да уживаат во дружењето и програмата.

Секако, не изостана ниту вкусната храна – омилената пица беше вистински хит меѓу посетителите, благодарение на поддршката од Domino’s, кои несебично го поддржаа настанот како спонзори. Голема благодарност беше упатена и до семејството Димитровски семејство за нивната дарежлива донација, која значително придонесе за успешната реализација.
Организаторите истакнаа дека ваквите настани не би биле возможни без посветеноста и трудот на комитетот, кој вложи голем напор за да создаде ден исполнет со радост и позитивни моменти. Дополнително, благодарност беше изразена и до КУД семејството, кое континуирано дава поддршка и придонесува за зачувување и промоција на културните вредности.

Овој настан уште еднаш потврди дека кога заедницата е обединета, резултатот е незаборавно искуство за сите генерации.
Следната можност за дружење е веќе на повидок – оваа сабота сите патишта водат кон Queanbeyan Multicultural Festival, каде што повторно ќе се слави културата, традицијата и заедништвото.

Се гледаме таму! 🎉


