Започна летната сезона на „Имат Немат“ – музика, езерска магија и многу изненадувања!

Со првото снимање на летната сцена покрај охридското езеро, официјално започна новата летна сезона на едно од најгледаните музички шоуа – Имат Немат. Во прекрасно амбиентално уреден простор пред објективите на ИН Продукција, со поглед кон сините води на езерото, стартуваше уште една музичка авантура која ветува незаборавни моменти.

На првото снимање учествуваа бројни познати пејачки имиња од македонската естрада: Анета од групата Молика, Благојче Стојановски – Туше, Ангел Џамбаз, Методија Столески, Слаѓана Столеска и уште многу други. За музичката поддршка се погрижи бендот Здраве Мјузик, додека за совршениот звук беше задолжен тон-мајсторот Никола Кочан.

Гостите и учесниците беа дочекани и почестени со вкусна храна и освежителни пијалаци благодарение на ресторанот Орфеј – Охрид, кој овојпат се јавува како еден од главните спонзори на емисијата.

Снимањето на „Имат Немат“ ќе продолжи во текот на целото лето, со очекување дека на сцената ќе се појават и уште попознати музички имиња. Публиката е добредојдена да присуствува на снимањата, кои се одвиваат на летната сцена на ИН Продукција, во непосредна близина на хотелите Лаки и Престол во Охрид.

Летото е пред нас, а „Имат Немат“ е вистинското место за музика, дружба и охридски дух под отворено небо!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*