Бугарија го забрани отворањето на македонски културен клуб во Благоевград

Uncategorized

Советот на општина Благоевград го забрани отварањето на македонскиот културен клуб што требаше да го носи името на македонскиот поет Никола Вапцаров, наводно поради тоа што бил, како што велат, „македонист“.

Образложението во декларацијата на градскиот Совет гласи дека „Благоевград нема да биде центар за слични пропагандни провокации“.

Советникот Кирил Илиев од ГЕРБ изјави дека со оваа декларација им порачуваат на „македонистите“ дека не се добредојдени во градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *