Нема прејадени, нема препиени за Велигден – на Токсикологија мирно

Без прејадени, ниту препиени поминува продолжениот Велигденски викенд на Токсикологија. Од Клиниката која функционира како интернистички Ургентен Центар велат дека деновиве имале вообичаен број на пациенти, повеќето се жалеле на отежнато дишење и болки во градите.

-Бројот на пациенти е во нормалните граници, може да се каже и дека бројот на пациенти полека стивнува. На Велики Петок имало 32-ца, во саботата 40, вчера 43 и денес 20 пациенти. Патологијата е од нормален карактер, отежнато дишење, болки и стегање во градите, со повремени температури. Вчера имало 2-ца пациенти со стомачни болки, но утврдено е дека не се работи за прејадување, изјави прим. д-р Данил Петровски, од Клиниката за токсикологија.

Продолжениот празничен викенд поминува мирно и според билтенот на МВР. Евидентирани се неколку сообракајќи, без жртви. Засилени контроли ќе има и во попладневните и вечерните часови.

-Полицијата е на терен, ќе се санкционира било какво неодговорно однесување. Но апелирам пред се во оние делови од Стража кон Гостивар можно е да се создадат колони, да не се претекнува на полна линија. Затоа што на тој начин не се загрозува само сопствениот туку и животот на сите учесници во сообраќајот, изјави Тони ангеловски, портпарол на МВР.

Вообичаен број интервенции изминатите празнични денови бележат и во скопскта Брза помош.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*