По цели десет години пауза, македонската заедница во Мелбурн повторно ќе има можност да биде дел од една од најочекуваните традиционални манифестации – „Прилепска вечер“, која ќе се одржи на 17 октомври 2026 година во свечената сала Grand Neret Reception во Томастаун.
Настанот ќе започне во 18:30 часот, а организаторите најавуваат вечер исполнета со македонска музика, традиција, дружење и незаборавна атмосфера, која ќе ги обедини прилепчани, но и сите Македонци кои живеат во Австралија.
Посебна музичка програма ќе приредат познатите естрадни имиња Сања Ристеска, Влатко Гајда и Бале Котевски, кои ќе се погрижат присутните да уживаат во најубавите македонски народни песни и веселба што ќе трае до доцните часови.
Овогодинешната „Прилепска вечер“ има и силна хуманитарна мисија. Организаторите најавуваат дека сите собрани средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели, со што оваа вечер ќе биде не само прослава на македонската традиција, туку и чин на солидарност и хуманост.
За гостите е подготвена богата вечера со четири јадења, а на секоја маса ќе има и шише Black Label виски, што дополнително ќе придонесе за свечената атмосфера.

Цената на влезниците изнесува 100 австралиски долари за возрасни и 50 долари за деца, а интересот за настанот веќе е голем, бидејќи ваква „Прилепска вечер“ не е организирана повеќе од една деценија.
Организаторите упатуваат покана до сите Македонци во Австралија да бидат дел од оваа историска вечер, да ја прослават македонската песна, традиција и заедништво, но и заеднички да дадат придонес за една благородна хуманитарна цел.
За резервација на карти:
- Благица: 0484 818 074
- Теодора: 0414 559 452
Очекувањата се дека салата ќе биде исполнета до последното место и дека „Прилепска вечер 2026“ ќе остане запаметена како едно од најголемите македонски собирања во Мелбурн оваа година.
