Марин Ле Пен: Ако победам на изборите, Франција ќе го напушти НАТО

Uncategorized

Лидерката на француската десница Марин Ле Пен вети дека доколку победи на претседателските избори ќе ги повлече вооружените сили од командата на Северноатлантската алијанса.

Ле Пен нагласи дека нема да ги префрли француските војници во комбинираната команда на алијансата, ниту, пак, ќе и биде на располагање на идната европска команда, пренесува РИА Новости.

Според неа, Франција нема да се потчини на американскиот протекторат.

Таа додаде дека ја поддржува идејата за приближување со Русија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *