Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков денеска изјави дека вчера се предале 1.026 украински маринци, додавајќи дека меѓу нив има 162 офицери и 47 жени. Руската телевизија објави видео за кое тврдат дека го прикажува предавањето на украинските војници на руските сили.
„Тие доброволно го положија оружјето поради акциите преземени од руските сили и милицијата на Народна Република Доњецк. Предавањето се случи во близина на фабриката за метал Илич во Мариупол“, рече тој.

