Владата дозволи зејтинот да поскапи за 50 денари, народот се соочува со криза, велат од опозицијата

Владата дозволи зејтинот да поскапи за 50 денари, народот се соочува со криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Од партијата истакнуваат дека зејтин од ист производител за период од неколку недели од 85 денари се покачи на 134 денари продажна цена во маркетите.

Според ВМРО-ДПМНЕ, покачувањето на цените на зејтинот е резултат на лошите политики на власта пред се’.

„Доколку на време се обезбедеше суровина за домашните компании, се договореше увоз и квоти, како и да се фиксираа цените, но и да се наполнеа државните резерви, зејтинот ќе беше на цена како пред кризата. Скапите цени се резултат на лош менаџмент од страна на власта. Неспособноста на власта сега донесе поскап зејтин за 60 отсто, поскапо брашно за 40, поскап леб за 110 отсто, поскапи горива за 70 проценти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*