– Ако се продолжи со ова апсење и уништување човечки животи, ќе нема кој плати да дели во земјава, никој нема да се бави ни со политика ни со бизнис од страв од прогон и одмазда, го гледам и Мицковски уште не дошол на власт се заканува ќе апсел бизнисмени и политичари, аман од тоа апсење, до каде ќе стигнеме вака, изгледа ќе ја оставиме економијата на странци пошто нив не смееме да ги апсиме, они може да прават што сакаат а нашите бизнисмени сите ќе ги испоапсиме…
Ако некој згрешил нека се гони ама нека се казнат парично условно нека им се даде втора шанса не да се уништат цели фамилии само затоа што некој бил на функција и презел ризик и одговорност, на секој може да му се најде грешка, дупки во законот има колку сакаш ако се има намера некому нешто да му се накалеми…
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски на видео стримот на ,,Инфомакс”.



