Page Six: Абрамович бара пари на заем од пријатели за да може да функционира

Рускиот олигарх Роман Абрамович бара милиони долари на заем од неговите богати пријатели за да може да „функционира“ додека имотот во САД и во Велика Британија му е замрзнат поради воведените санкции, пишува Page Six.

Извор за Page Six тврди дека Абрамович бара пари на заем од неговите угледни и моќни пријатели за да може, меѓу останатото, да дава плата на луѓето кои работат и ги одржуваат неговите суперјахти, за што му се потребни 750.000 долари неделно.

Абрамович има многу блиски пријатели во Холивуд, Вол Стрит и во светот на технологијата. Наводно, неговите соработници се многу внимателни во оглед на позајмување пари, без разлика што тој учествува во мировните преговори меѓу Русија и Украина.

„Роман бара заем од милион долари од најблиските моќни пријатели. Вели дека никогаш не пропуштил да исплати плати за луѓето кои работат за него на суперјахтите, што е 750.000 долари неделно, а со замрзнатиот имот не може да им даде плата“, вели изворот за Page Six.

Понатаму, се споменува дека побарал пари на заем од режисерот Брет Ратнер, од семејството Ротшилд и многу други. Но, иако се добри пријатели, не се согласиле да му дадат пари бидејќи го немаат во готовина, поточно, не им е јасно какви ќе бидат последиците ако му позајмат пари“, додава изворот.

Романович вреди 14,3 милијарди долари, но се наоѓа под санкции на Велика Британија и ЕУ поради руската инвазија на Украина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*