Не нарекуваа „извршителите од 27” (а не сме), кај нас казните беа од 7-8-10-12-13-15-18 години поединечно. Оние кои ги нарекуваа „организатори” (и за нив е класично политичко монтирано дело) добија казни по 6 или 6 и пол. Или вкупно 25 години затвор, односно колку што треба да лежи само Јане Ченто и Игор Југ.
Како можете да живеете во ваков судски – политички систем мој народе, лидери на партии, јас не можам да ве разбирам.
Се држиме, се крепиме колку можеме во таква средина што сме. Ама боли другари, боли кога гледаме дека сме оставени сами.. пет години! Ќе се направи протест еден ден и толку.