Мисирец, роден околу 250та година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството. Најпрво се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне онеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години не дружејќи се со никого освен со Бога преку непрестајна молитва, богомислие и созерцание, поднесувајќи ги неискажливо трпеливо демонските искушенија. Неговата слава се пронесе по целиот свет и околу него се собраа многубројни ученици коишто ги поучуваше со пример и со слово на патот кон спасението. За осумдесет и петте години од неговиот подвижнички живот само двапати отиде во Александрија, и тоа првиот пат да бара мачеништво во времето на гонењето на Црквата, а вториот на повик на Св. Атанасиј за да ја собори клеветата на Ариевците дека божем и тој ја прифатил Ариевата ерес. Се упокои во сто и петтата година од животот, а зад себе остави цела војска следбеници и ученици. Иако на беше наобразуван, им беше советник и учител на најучените луѓе на неговото време, каков што беше Св. Атанасиј Велики. Кога некои елински филозофи го искушуваа со книжевна мудрост, Антониј ги засрами со прашањето: „Што е постаро: разумот или книгата? И кое од тие двете е причина за другото?“ Засрамени филозофите се разотидоа, зашто видоа дека самите имаат книжевно памтење без разум, наспроти разумот што го има Антониј. Тој е човек кој го достигна совршенството коешто воопшто може да биде достигнато на земјата. Тој е воспитувач на воспитувачите и учител на учителите; цели осумдесет и пет години се преобразуваше себеси, па само така имаше сила да ги преобразува и другите. Исполнет со многубројни години и добродетели, Свети Антониј се упокои во Господ во 335та година.За многу години и нека не чува сите!
„Преподобен Антониј Велики – народски попознат како св. Антонио“
БУГАРИЈА ВО ШОК: НЕ БИЛ ТИТО, ТУКУ ТОДОР, ЗАТОА ГО УБИЛЕ!
Целокупната бугарска болшевичка пропаганда за непостоење на Македонците се потпира на тезата дека “југословенскиот“ диктатор Јосип Броз Тито насила ги […]
Помошни дами на Свети Климент Охридски ќе одржат свечена заклетва по Црквата оваа недела на 26 септември, каде ќе положат свечена заклетва со отец Сасио Селесте.
Новите волонтери на комитетот дами помошни бараат нови членови да ни се придружат во поддршката на нашата црква.Со нетрпение ве […]
Александар Китески е новиот Секретар на Општина Охрид
Китески доаѓа од редовите на вработените во општинската администрација и по професија е правник. Во Локалната самоуправа е вработен од […]
Едните, оти влегле во собрание, се судени за терористичко загрозување и осудени на страшни, драконски казни
Другите масакрирале, дигале во воздух,палеле (па и живи луѓе), киднапирале, малтретирале, убивале демек во името на човекови права. Е, после […]