Тони Блер: „Ако сте невакцинирани, тогаш сте идиоти!“

Поранешниoт британски премиер, Тони Блер во интервју за радиостаницата Times, невакцинираните луѓе ги нарекол идиоти.

Зборувајќи за тоа што треба Владата да направи за олабавување на мерките поради пандемијата со коронавирусот, Блер сугерирал да се стави поголем акцент на антивирусните лекови, вакцинација на млади лица од 12 години, како и подобрување на капацитетите за тестирање, обезбедување доволно вакцини во сиромашните држави и поттикнување за вакцинација.

“Ако моментално не сте вакцинирани и не постои здравствена причина поради која се спречени да се вакцинирте, тогаш не само што сте неодговорни, туку сте и идиоти. Жал ми е, но навистина е така”, рекол Блер.

Тој напоменал дека опасноста станува поголема поради омикрон сојот. Според неговите зборови, невакцинираните лица треба да се убедат да се вакцинираат.

Изјавата на Блер ја подели јавноста – додека едни го поддржаа, други сметаат дека ваквите изјави нема да поттикнат вакцинација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*