Филипче: Комисијата предлага задолжителна вакцинација за вработените во јавниот сектор и за здравствените работници

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција, најави дека комисијата за заразни болести на утринскиот состанок, по анализата на трендовите и  бројките поврзани со состојбата со пандемијата Ковид-19 со консензус ги донела следните одлуки:

“Сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во сите институции , за одење на работно место, да мора да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат пцр негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа а ќе биде направен на сопствен трошок, или пак да имаат потврда за прележан Ковид-19 не постара од 45 дена или ќе имаат потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат а тоа се некои од ретките имунолошки состојби за кои ние ќе излеземе со листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат” – изјави Филипче.

Филипче додаде дека комисијата препорачала на мерките да се приклучат и приватните компании . Веќе имаме најави за такво нешто затоа што од Сојузот на Стопански комори стигна едно писмо со слични барања  а се со причина да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата, изјави министерот за здравство.

Тој додаде и дека комисијата препорачува  вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници.

Овие мерки , според Филипче, владата предлага мерките да стапат на сила 10 дена од нивното усвојување, за да граѓаните имаат време да се вакцинираат. За здравствените работници, околу 20 до 30 проценти кои не се вакцинирани, тој временски период да се продолжи на 30 дена.

Комисијата бара да се ажурира и процесот на контрола од страна на сите инспекторати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*