Антон Шабанов (33) побарал помош од црна магија откако сопругата Љубов (29) го оставила неполна година по свадбата. За магично да ја врати сопругата, контактирал со осудениот измамник Николај Иванов (32), пишува Дејли мејл.
Иванов предложил да направат ритуал во кој неговиот и имотот на неговата сопруга да биде закопан во шума. Додека го вршел ритуалот, Иванов го исмевал Шабанов, дошло до конфликт и Иванов го убил со секира. Потоа го покрил телото со гранки и побегнал од местото.
Полицијата подоцна го уапсила Иванов, кој признал дека го убил Антон Шабанов. Судот во Русија го осудил на девет и пол години затвор и исплата на отштета.
Пријател на загинатиот за 360ТВ изјавил дека парот не се развел, туку живеел одвоено.
Во соопштението на судот се вели дека Иванов „додека копал јама, зборувал негативно за ритуалот и сопругата на жртвата, по што дошло до расправија меѓу мажите. Конфликтот прераснал во тепачка при што Иванов неколку пати го удрил Шабанов со секира по главата и вратот“.



