Собраниската седница за гласање на доверба на Владата се уште не продолжува. Опозицијата има 60 пратеници, недостасува уште еден за да може седницата да се одржи. Недостасува пратеникот Кастриот Реџепи, кој до вчера како што тврдат неговоте сопартијци бил на став дека го поддржува предлогот за паѓање на владата, а денеска не се појави во собранието.
Претседателот на Беса Биљал Касами изјави денеска дека Движењето стои на ставовите за пад на овој режим и оти последните случувања со пратеникот Кастриот Реџепи докажуваат дека оваа власт е спремна на се за да остане на овие позиции.
-Се додека немам јасна слика и глас за пратеникот за својот став јас се сомневам дека тој против својата волја го има декларирано тоа што го има декларирано и не може да дојде во Собрание и да се искаже за својата политичка позиција, рече Касами.
Тој денеска, како што кажа, го нема контактирано Реџепи и нема информација каде се наоѓа.
Првиот човек на Движењето Беса истакна дека се додека Кастриот Реџепи не излезе и не каже дека тој став е негов и оти тоа е доброволно и нема некоја присилба, тој како човек и како претседател на Беса има право да се сомнева дека тој против својата волја се држи некаде и не може да дојде во Собрание и да излезе пред јавноста и да каже дека тоа е негов доброволен став.
Пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев на својот фејсбук-профил обвини дека пратеник е киднапиран на денот на гласање за доверба на Влада.
Јако еј! КИДНАПИРАЛЕ пратеник мислејќи дека така нема да паднат!? #МафијаVsПратеници, пишува Апасиев.
Претседателот пак на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на накој начин кажа дека се сомнева во истото сценарио. Запрашан за тоа дали опозицијата има мнозинство или замена за претеникот Кастриот Реџепи, кој не се појави на денепната седница, Мицкоски го спореди него со Амди Бајрам.
„За современиот, нека му е лесна земја, Амди Бајрам?“ кратко рече Мицокски запрашан за тоа дали ќе има замена за Реџепи.
А зошто Мицкоски го спомена покојниот Амди Бајрам?
За оние кои не се сеќаваат , да ве потсетиме дека историјата се повторува.
Пред 20 години кога требаше да се гласа доверба на владата од ВМРО ДПМНЕ на Љубчо Георгиевски, ГО СНЕМА Амди Бајрам. Бајрам го немаше три дена, а подоцна тој самиот кажа дека бил однесен на Пелистер во Планинарски дом.
https://www.facebook.com/watch/?v=431937465234096&t=4


