Доле Влада – Со вас сме момци: Сопратијците со порака до пишман аџијата Реџепи

Бизнисменот Али Исмаил кој е член на опозициската Алтернатива испрати моќна порака на Фејсбук заедно со поголема група членови на партијата.

-Со вас сме момци. Долу владата, порача тој.

Ваквата објава следува откако пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи се пишмани по однос на гласањето недоверба на Владата, наводно бидејќи за истата ќе гласаат пратениците на Левица.

Централното раководство на Алтернатива вчера одржа состанок откако пратеникот од оваа партија Скендер Реџепи изјави дека нема да биде дел од списокот за паѓање на Владата ниту ќе го поддржи гласањето в четврток доколку на списокот останат и пратениците на Левица.

Портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани изјави дека дебатите траат и во овој момент, рече, немаат никаква одлука, но дека нивните пратеници ќе бидат единствени каква и таа да биде.

– Со оглед на тоа дека имаме време до четврток, дискусиите во партијата ќе продолжат и утре и најдоцна до среда ќе имаме конкретен став како ќе настапат нашите пратеници. Меѓутоа, едно сигурно можам да кажам – каква било одлука и да имиме тоа ќе се почитува од сите пратеници од Алтернатива, рече Муртезани.

Покрај Скендер Реџепи, пратеници од Алтенатива се и лидерот на партијата Африм Гаши, Сафије Садики-Шаини и Хусни Исмаили.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*