СДСМ: Потписите за недоверба на Владата се собрани преку лаги и измами

Од политичката партија СДСМ денеска обвинуваат дека потписите на опозицијата за гласање на недоверба на Влада се собрани преку лаги и измами.

„Расте нервозата во ВМРО-ДПМНЕ откако станува јасно дека на Христијан Мицкоски му испарува мнозинството во Собранието, па затоа денеска од Белиот дворец се обидуваат да најдат алиби во наводни закани кон пратеници. Пратеници од опозицијата самите признаваат дека потписите за Иницијативата за недоверба на Владата се собрани преку меѓусебни лаги и измами. Граѓаните не забораваат дека токму ВМРО-ДПМНЕ и нејзини високи функционери се закануваа кон пратеници кои гласаа за уставните измени и очигледно дека тоа ВМРО-ДПМНЕ сака да го направи и денес“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека пратениците треба да бидат спокојни, затоа што државата и институциите ќе ги заштитат од заканите на ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*