Уапсени истражители од АНБ – со лажни кривични пријави уценувале бизнисмени

Постапувајќи го налог на шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, полицијата попладнево уапсила неколку лица од Агенцијата за национална безбедност.

Станува збор за истражители, кои ја злоупотребиле својата положба и преку креирање на фиктивни кривични пријави уценувале бизнисмени.

Според информациите, еден од приведените бил фатен со поткуп 5.000 евра.

Рускоска побарала запленување на компјутерите на истражителите кои биле вмешани во овој случај.

Повеќе детали се очекува да бидат соопштени во текот на утрешниот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*