Почитувани верници, во Недела 7ми Ноември ве покануваме на прослава на денот на нашиот Црковен Патрон СВЕТИ ДИМИТРИЈА. Тој ден ке се одржи Божествена Литургија во 10:30 часот и во 13:00 часот ке приредиме ручек со забава за сите Македонци и пријатели Македонски.
Вашето присуство на прославата и ДОНАЦИЈА за Црквата Свети Димитрија од 25 долари по секој присутен (постар од 13 години) е од голема важност за опстојувањето и понатамошни активности за нашата Црковна Општина. Потребни ни се НАЈМАЛКУ 100 присутни донатори за ручекот. Ке ве забавуваат Анета Наковска и групата Мелос.