На 28.10.2021 во 02.40 часот во Полициската станица Карпош, Д.С.(25) од с.Шишево, скопско, пријавил дека во неговиот угостителски објект на ул.„Есперанто” бил физички нападнат од едно лице затоа што во корпа за отпадоци фрлил летоци од политичка партија, кои неколку други лица ги фрлиле на летната тераса. Полициски службеници излегле на местото на настанот и било утврдено дека во Градската општа болница „8-ми Септември” со повреди бил однесен М.Ѓ.(31) од Скопје. Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека на ул.„Есперанто” бил физички нападнат од повеќе лица. На местото било пронајдено оставено патничко возило „фолксваген џета” со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А. од Скопје, во кое имало летоци и рекламен материјал од истата политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Се cтепале поради летоци од политичка партија, едно лице завршило во болницa
Симовски за 220-те илјади „христијани“: Ние не сме виновни што граѓаните не знаат која вера се
Попишувачот не смееше да влијае врз одговорите што ги даваа граѓаните, па ако луѓето кажале дека се христијани по религиска […]
„Вистината – заложник на македонско-бугарските односи“ – банкините требало да го задржат автобусот, а не да „падне во стапица“
Вистината за несреќата во Бугарија е заложник на бугарско-македонските односи, сметаат од Институтот за безбедност во сообрачајот во Бугарија. „Обвинителството […]
Путин: Нападот ќе заврши кога ќе се исполнат барањата на Москва
Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор му рекол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Русија ќе ја прекине […]
(видео) Погледнете како ечеше “Велат не нема” во Mелбурн
Големиот хит на Влатко Миладиноски Велат не нема ечи секаде во светот каде што има Македонци,овојпат погледнете што се случуваше […]