Битолското друштво од Сиднеј организира традиционална забава за 8 Март во Rockdale

Битолското друштво од Сиднеј по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, ја организира својата традиционална прослава која ќе се одржи на 7 март во просториите на Спортскиот центар „Илинден“ во Rockdale, со почеток од 18:30 часот.

Како и секоја година, организаторите најавуваат богата програма, одлична атмосфера и дружење во македонски дух. За музичкиот дел од вечерта ќе се погрижи групата „ВИС Арија“, која ќе ја забавува публиката со познати македонски хитови.

Цената на билетите изнесува 90 долари за возрасни и 50 долари за деца до 16 години. Во цената е вклучена богата вечера со алкохолни и безалкохолни пијалаци, подготвена од „Битола Кетеринг“.

Од организацијата информираат дека бројот на места е ограничен и ги повикуваат сите заинтересирани навреме да си обезбедат билети.

За резервации и информации:
📞 Љупчо Ангелевски – 0423 569 943
📞 Петар Секуловски – 0417 086 264
📞 Васко Димовски – 0421 194 812

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*