Македонската традиција, песна и оро гордо живеат и пулсираат во Мелбурн, Австралија, благодарение на неуморната посветеност на Македонското културно-уметничко друштво „Јане Сандански“, кое со голема радост го најави Orientation Day 2026, што ќе се одржи на понеделник, 2 февруари 2026 година.
Ова друштво со години претставува вистински бедем на македонскиот идентитет на петтиот континент, каде што децата се најсилниот доказ дека Македонија живее и далеку од својата татковина. Облечени во народни носии, со насмевка и љубов кон корените, тие ја носат приказната за македонската култура од генерација на генерација.

Од MKUD „Јане Сандански“ упатија искрена благодарност до сите кои веќе поднеле EOI (Expression of Interest) за 2026 година, со порака дека танцот започнува наскоро, а интересот за македонското фолклорно творештво е сè поголем.
Orientation Day ќе биде вистински празник за целата македонска заедница во Австралија и ќе вклучува:
- распределба на фолклорни групи и часови
- запознавање со тренерите и управниот одбор за 2026 година
- изложба и презентација на традиционални македонски носии
- македонска музика, игри и дружење
Настанот има за цел не само организациска подготовка за новата сезона, туку и зајакнување на заедништвото, националната свест и љубовта кон македонското културно наследство меѓу најмладите Македонци во дијаспората.
Останете во тек за дополнителни информации, затоа што Македонија не е само географија – таа е песна, оро и корен што никогаш не се заборава.
🇲🇰 SAVE THE DATE – 2 февруари 2026 🇲🇰
MKUD „Јане Сандански“ – Мелбурн, Австралија
Таму каде што македонската традиција гордо продолжува да живее.

Leave a Reply