Во празнична и свечена атмосфера деновиве се снимаше големата Новогодишна програма на ИНТВ Сателитска, програма која и овој пат ќе ги обедини Македонците ширум светот. Гледачите ќе имаат можност да уживаат исклучиво во македонска музика, создадена со срце, традиција и современ дух.

Покрај емитувањето на ИНТВ Сателитска, новогодишната програма ќе биде прикажана премиерно и на YouTube каналите на ИНТВ, како и на 14 регионални телевизии, што дополнително ја потврдува нејзината важност и голем досег.

На снимањето учествуваа повеќе од 100 изведувачи и музичари, меѓу кои и големи имиња од македонската музичка сцена:
Елена Велевска, Анета Лумаковска, Група Алтернатор, Стојне Николова, Адријана Кеш, Гоце Таневски, Давид Миладинов, Анастасија Митровска, ОК Бенд, Вукица Татјана Стефановска ,Елена Јовческа ,Група Чардак , Василија Петрова , како и многу други докажани и млади таленти.

Публиката ќе ужива во музика за сечија душа – од забавна и евергрин, преку тамбурашка и староградска македонска песна, па сè до новокомпонирани хитови. Вкупно 10 часа свежа, квалитетна и автентична новогодишна програма, подготвена со многу љубов и професионалност.

ИНТВ и оваа година испраќа јасна порака – македонската песна живее, се негува и се споделува со целиот свет.

👉 Гледајте, не дозволувајте да ви раскажуваат!




