ТАШКО КАРАНФИЛОВСКИ – ГЛАСОТ КОЈ ЈА ЧУВА ТРАДИЦИЈАТА И ГО ОСВОЈУВА МАКЕДОНСКИОТ ЕТЕР!

Фолк пејачот Ташко Каранфиловски полека но сигурно се издигнува во редот на најбараните имиња на македонската фолк сцена, артист кој со својот препознатлив глас и стил успева постојано да остане актуелен и близок до публиката. Ташко важи за еден од ретките фолк изведувачи кои континуирано создаваат нови песни, со што ја збогатува македонската етно и фолк музичка оставнина.

Постојано присутен во телевизиските емисии, концертите и медиумските настапи, Каранфиловски со години ја гради својата кариера чекор по чекор, но секојпат со силна посветеност и јасна насока – да ја зачува македонската песна и да ја пренесе на новите генерации.

Доказ за неговата успешност е и престижната награда „Најуспешните“, која пред неколку години му беше врачена во Австралија, во градот Волонгонг. Наградата ја доби за неговиот придонес во зачувување на македонската традиција, култура и музика, а ова признание и ден денес е еден од најзначајните моменти во неговата кариера.

Оваа година Ташко повторно покажа дека е и повеќе од само пејач. Тој беше меѓу најрасположените и највеселите учесници во новогодишната програма што се снимаше во продукција на ИН Продукција за сателитската ИНТВ. Со својот шарм, енергија и позитивност внесе вистинска празнична атмосфера и остави силен впечаток кај гледачите и останатите учесници.

Ташко Каранфиловски продолжува сигурно да чекори напред – со нови песни, нови проекти и истата љубов кон македонската традиција која го прави уникатен во музичкиот свет.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*