INTV Австралија организира спектакуларна Gala вечер посветена на Македонците во Австралија кои со својот труд, посветеност и дела придонесуваат за зачувување на македонската култура, музика и традиција. Настанот ќе ги обедини најзаслужните претставници од Мелбурн, Сиднеј, Волонгонг и Перт, а публиката ќе има можност да види и присуство на истакнати музички и естрадни уметници.

Снимањето ќе се емитува директно на INTV Австралија, а настанот ќе биде покриен од страна на новинарски тимови на INTV, како и од други медиуми, со цел широка достапност на македонската публика.
Ако знаете некој кој заслужува да биде дел од ова признание, слободно контактирајте нè на:
infoestradaplus@gmail.com | intvau.com@gmail.com

Leave a Reply