Од талент шоу до полни настапи: Благица Колева во подем

Младата и талентирана фолк пејачка Благица Колева сè посилно го зацврстува своето место на македонската естрада. Публиката првпат ја запозна преку учеството во популарното македонско талент шоу, каде што со својот впечатлив вокал и сценски шарм го освои второто место, носејќи си огромна популарност уште од самиот старт.

По шоуто, Кариерата на Благица тргна со забрзано темпо. Таа формираше сопствен бенд, со кој настапува низ цела Македонија, а особено во предновогодишниот период нејзиниот распоред е преполн со свирки и настапи. Публиката ја препознава по енергијата, пристапноста и професионалноста што секој пат ја носи на сцената.

Благица има и сопствени авторски песни, но и посебна љубов кон македонската традиција – па дел од нејзиниот репертоар се и стари изворни песни, кои таа ги обновува со свежи, модерни аранжмани, создавајќи препознатлив стил што ѝ ги освојува слушателите.

Деновиве Колева беше дел и од снимањето на новогодишната програма на ИНТВ, каде што настапија бројни македонски уметници. Нејзиниот настап внесе младешка енергија и фолк емоција, совршено вклопени во празничната атмосфера.

Со полни настапи, активна музичка продукција и растечка поддршка од публиката, Благица Колева несомнено се наметнува како едно од најперспективните млади имиња на современата македонска фолк сцена.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*