По успешната Австралиска турнеја со популарното музичко шоу „Имат Немат“, младата и перспективна фолк пејачка Василија Петрова продолжува со интензивно работно темпо. Нејзиниот распоред и по враќањето од далечниот континент остана исполнет со настапи, гостувања и нови професионални ангажмани, потврдувајќи уште еднаш дека е меѓу најактивните млади имиња на нашата естрада.
Деновиве Василија беше дел и од големиот јубилеј – 15 години од постоењето на сателитската ИНТВ, каде што се собра богат музички состав, бројни уметници, колеги и пријатели на телевизијата. Петрова со својот настап внесе свежина, енергија и препознатлива вокална топлина, оставајќи силен впечаток кај присутните.

Покрај јубилејот, Василија учествуваше и во снимањето на новогодишната програма на ИНТВ, како и во неколку регионални телевизии низ Македонија, каде што подготви празничен музички репертоар. Со ова, таа уште еднаш докажа дека ја очекува динамична и успешна сезона, а нејзината популарност меѓу публиката расте од настап до настап.
Годината зад неа е исполнета со патувања, нови контакти, силна поддршка од дијаспората и бројни јавни настапи – а доколку судиме по темпото што го поставува, Василија Петрова само продолжува да го гради својот пат кон врвот на сцената.

Leave a Reply