Агуш – името кое носи носталгија, емоција и звук што ја обележа македонската музичка сцена во 90-тите години. Со хитови како „Заборави ги нашите спомени“, „Јулујана“, „Горка љубов“ и многу други, Агуш остави длабока трага и создаде песни кои и денес се слушаат со истата страст и топлина.
По подолг период, популарниот фолк-пејач повторно е сè поактивен на естрадата. Овие денови, Агуш беше дел од снимањето на новогодишната програма на Сателитската ИНТВ, како и на неколку регионални телевизии низ Македонија. Неговото присуство донесе ретро-шарм, но и свежа енергија, потсетувајќи нè на златните времиња кога неговите песни беа дел од секоја свадба, веселба и музичка емисија.

Агуш денес работи на нови идеи и проекти, но истовремено останува доследен на стилот што го направи препознатлив. Публиката со радост го прифаќа неговото враќање, а настапите на новогодишните програми само потврдуваат дека неговата музика и понатаму има посебно место кај гледачите.
Еден вистински хитовски повраток на уметник чија музика никогаш не излезе од мода.

Leave a Reply