Оваа година Сателитската телевизија ИНТВ слави голем јубилеј – 15 години постоење, работа, музика, емоции и борба. Петнаесет години исполнети со најразлични емисии, топ листи, талент шоуа, музички проекти и програми што го чуваат македонскиот духовен, културен и музички идентитет.
Петнаесет години не’ рушат, не’ оспоруваат, не’ кочат. Петнаесет години на некого му пречи што ИНТВ емитува исклучиво македонска музика. Но токму тие 15 години ја покажаа нашата најголема сила: ИНТВ ширеше и продолжува да ја шири македонштината низ целиот свет, до секое место каде живее македонски народ.
Опстојавме кога многу мислеа дека нема да издржиме. И денес, гордо велиме:
ИНТВ продолжува понатаму, посилна од кога било.
Од нашата телевизија излегоа многу имиња – бројни пејачи својот прв телевизиски настап го имаа токму кај нас. Првиот спот, првата свирка, првата турнеја… многумина своите почетоци ги врзуваат со ИНТВ. Некои тоа го паметат – повеќето, за жал, заборавија. Им требавме кога им беше најтешко. Но ИНТВ може без секој, а некои не можат без ИНТВ.
Овој јубилеј го одбележуваме на 9 декември, во просториите на ИН Продукција, со специјална програма во живо, како и со снимање на новогодишната програма на ИНТВ, која ќе трае два дена.
Сите досегашни соработници се искрено поканети – да прославиме заедно, да запееме, да се потсетиме и да ја испратиме македонската музика до светот преку ИНТВ.
Денес, ИНТВ зрачи на 58 кабловски оператори, преку сателитски канал низ светот, и со силно присуство на интернет – во домови, телефони и срца ширум планетата.
ИНТВ е ваша ТВ. ИНТВ е Македонија пред светот. ИНТВ е 15 години љубов, работа и истрајност.
Честит јубилеј!
Продолжуваме уште посилно. 🇲🇰📡✨

Leave a Reply