По повод изборот на „Песна на летото 2025“, кој се одржа во Охрид на летната сцена на „ИН продукција“, специјалната награда за сценски настап ја понесе струмичанката Вукица. Таа ги освои симпатиите на публиката и жирито со својот впечатлив изглед, харизма и енергичен настап. Вукица ја изведе и една од најзабележителните песни на вечерта – „Журка лудило“, која дополнително ја крена атмосферата на повисоко ниво.


