„Имат – Немат“ славеше 5 години: Илјадници во Охрид, шоуто продолжува со нови снимања!

Во срцето на Охрид, пред бројна публика, музичкото шоу „Имат – Немат“ го прослави својот голем јубилеј – 5 години постоење! Илјадници љубители на добрата музика, традицијата и забавата се собраа да го одбележат овој значаен настан, кој уште еднаш ја потврди популарноста и уникатноста на оваа емисија.

По јубилејот, снимањето на новите епизоди продолжува со полна пареа. Следната станица е понеделник, 11 август, на летната тераса на ИН Продукција, веднаш до хотелот Престол Охрид. Како и секогаш, публиката може слободно да присуствува на снимањето, што го прави „Имат – Немат“ единствено шоу од ваков тип на нашите простори.

На сцената ќе се појават големи музички имиња како:
🎤 Татјана Лазаревска
🎤 Благојче Стојановски – Туше
🎤 Елена Велевска
🎤 Ташко Каранфиловски

Домашната атмосфера ќе ја зачинат и домаќините: Занко ЗШ и Тетинот, заедно со групата Империјал, а вечерта ќе ја збогатат и други познати и млади имиња, меѓу кои:
🌟 Марија Митровска
🌟 Добрила од Германија
…и многу други изненадувања!

👉 Влезот и паркингот се бесплатни, а атмосферата, како и секогаш, ветува незаборавна забава под охридското ѕвездено небо!

📍 Не пропуштајте! Поддржете го македонскиот музички дух и бидете дел од новата епизода на шоуто што ги спојува старите вредности со новиот звук – „Имат – Немат“!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*