Илинденска вечер во Елшани“ по 11-ти пат, со Туше и Татијана Стефаноска На 2 август (сабота), со почеток од 21 часот, на плоштадот во Елшани ќе се одржи 11-тото издание на манифестацијата „Илинденска вечер во Елшани“. Настанот, кој во изминатата деценија прерасна во вистински симбол на заедништво, традиција и празничен дух, годинава повторно има програма со повеќе изведувачи. Љубителите на фолклорот ќе имаат можност да уживаат во фолклорни точки кои ќе ги доловат корените на македонската народни песни и ора, со акцент на оние од охридскиот регион. Од 22:00 часот, сцената ќе ја преземат популарните Туше и Татијана Стефаноска, кои ќе ги забавуваат присутните со добро познати македонски хитови, народни песни и весела атмосфера до 01:00 по полноќ. Како што посочуваат од организациониот одбор, целта на манифестацијата е преку културата и традицијата да се позиционира Елшани на културната и туристичката мапа на Македонија, со искрена намера да се придонесе за новото културно лице на селото и неговите жители. Инаку, името „Илинденска вечер“ не е избрано случајно – настанот го поврзува историскиот контекст на двата Илиндена (1903 и 1944) со духовното значење на празникот Свети пророк Илија, кој елшанци го сметаат за свој светец-заштитник.


Настанот е отворен за сите – млади и постари, жители и гости, љубители на културата, традицијата и добрата музика.


