Еден од најпознатите македонски инструменталисти, виртуозот на кларинет Орхан Роки, кој долги години живее и твори во Австралија, повторно ја израдува публиката со нов музички проект. Овој пат станува збор за ново инструментално оро со наслов „Малесевска игра“, кое беше снимено во живописното Крушево, носејќи силна традиционална енергија и автентичен македонски дух.
Во видеото како гости се појавуваат и членовите на културно-уметничкото друштво „Јане Сандански“ од Мелбурн, кои со својата изведба придонесоа за уште побогат и впечатлив визуелен и фолклорен доживувај.
Орхан, кој моментално престојува во Македонија на одмор, изјави дека сериозно размислува да остане во татковината и тука да го продолжи своето музичко творештво. Публиката со нетрпение очекува нови проекти и настапи од овој музички мајстор, кој со својата уметност ги спојува македонската дијаспора и родната земја.

