(видео) Групата Чардак повторно објави нов проект

Група „Чардак“ од Охрид е долгогодишен негувател на охридската и македонската музика и песна, овој пат со нови музички видео записи промовира нов сплет на охридски авторски песни и охридски староградски сплет.

Охрид, нашиот убавец од град, отпеан во песни од минатото и денешницава! Овој пат го издвоивме „Ој ти момче охриѓанче“, Песна за Климе Садило „Ех да свири Садило“, „Ајде да одиме во Охрида града“..стои во објавата на Група „Чардак“.

Група „Чардак“ е составена од шест члена и тоа: Симе Нелоски, Златко Јолакоски, Џеват Рамаданоски, Борче Здравевски, Глигор Фармакоски и Александар Зимонович.

Во продолжение ви оставаме да уживате во преубавата песна и музика исполнета од групата „Чардак“.

Да подсетиме Групата Чардак минатата година имаше турнеја во Австралија , оваа години најавуваат повторно Австралиска Турнеја .

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*