Трето место од публика на Фолк хит за Зоран Далчески

Преубава јулска ноќ со 20 познати рефрени , 40 прекрасни артисти, распеана публика и многу македонска музика, мерак слика на летната сцена на ИН Продукција. Се ова можеше да го видат изминатата вечер присутните на изборот на летниот фолк хит на ИН ТВ. Фестивалска дружба на нашите пеачи од помладата генерација и на оние кои сцената и публиката ја имаат со години. Идејата на ИН продукција беше што повеќе да се слуша македонска музика , релаксирана комуникација на уметниците и поттик за авторите уште повеќе да творат македонска народна песна. Патриотски, печалбарски, љубовни, свадбарски рефрени, приказни од животот, за одлично расположение на сите .

Не кудетеа Македонија е насловот на песната која доби две награди ,трето место од публика и Најпатриотска песна.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*